Немо
ќе гледаш
во
сликата моја
ќе
ме бараш во далечина
нема
да сум таму.
Пепелта
моја расфрлена
со
песок измешана.
Бран
ќе избрише
стапалки
спомени сеќавања
слика
во мислите
збор
непрозборен
мисла
преполовена.
Дојди
на плажата
на
средба со душата моја
радост
на изгрејсонцето
тивкото
ветре во квечерина.
Слушни
ќе
минат години векови
исто
па исто ќе е
секогаш
засекогаш.