Те
знам од некаде
од
бесцелните прошетки
покрај
реката
те
познавам од секаде
се
појавуваш како холограм
светлиш
волшебно.
Низ
разговор откривам
многу
слични сме
те
мислам каде одиш
замислено
со
очилата в рака.
Патот
пуст како душата
празен
недоодлив
сигурен
сум дека
сме
биле заедно
до
крајот на брегот
гледајќи
во морската шир
Да,
тоа сум јас!
Се
трошам
како
да сум од сол морска.
Ранлив
ни
за себе.
Плачлив,
лут
но
искрен.
No comments:
Post a Comment