Темнината ќилим
ткае
еднобоен, волнен
го простира по
друмот прашлив
знае каде ќе
поминам.
Вкусот на водата
и правта горчи
чекори тешки
претешки
од сон будат
титани
глас носат
окаринин.
Мир, мирно спиј
сонот те води
до вечноста и
понатака
со ќилимот те
покривам.
No comments:
Post a Comment