Thursday, February 8, 2018

ЗЕЛЕНО

Еве дома сум,
работам нешто.
Само што го исеков
пожолтениот исушен лист, 
го ослободив.
Гледав како растеше
го полевав со вода
и му зборував,
многу нешта му кажував,
а листот слушаше,
растеше и слушаше.
Јас слушав како крцка, како расте
и божем не приметувам, читав, 
а листот полека се отвораше,
како мало бебешко лице што открива нов свет.
Му кажував работи кои ми се случиле,
понекогаш измислував,
знам дека така ќе порасне.
Времето, тоа пусто време
сите што не притиска како стега
полека, полека
удира од внатре.
Така удри по листот.
Го снема.

No comments:

Post a Comment