Thursday, February 8, 2018

Бранови

Паметиш ли
колку ѕвезди беа на небото
додека лежеше на песокот
со сува уста и лош здив.
Паметиш ли
колку тепачки имаше
поради прекорен поглед
или лош збор
искинати копчиња од кошули
помешани со каменчињата.
Паметиш ли
поцрвена боја имаше виното
од црвенилото на кожата
од јакото Сонце.
Паметиш ли
болка што ја чувствуваше
дека е од љубовта
за љубовта.
Се разбира.
Паметиш.
И прераскажуваш
како било
на патник намерник
кој и баш не те разбира.

No comments:

Post a Comment