Знам
дека ништо не ми кажуваш,
но
сакам да те прашувам
за
се и сешто
за
глупости, како што велиш.
И
потоа се сместувам
во
омилената фотелја,
и
во уво се претворам
слушам,
слушам одговори.
Сакам
кога ми зборуваш
измислуваш,
ме лажеш
јас
ти верувам,
те
пратам со поглед.
No comments:
Post a Comment