Thursday, February 8, 2018

Ништо

Само мисли си дека ти верувам
смисли си лага и повторувај ја
за да не згрешиш
оти вербата се раѓа со нас
и со нас заоѓа
верувај, така е.
Верувам на туѓинец
на намерник патник
и знам, чувствувам
дека и мене ми верува
оти вербата ослободува
сила дава, мудрост наросува
во мали количини
доволно да се живее.
Неверба се претвора
во сомнеж се сторува
а сомнежот убива
како џелад покосува
души напатени, мачени
кои веруваат во спасение
вербата ги води
вечност им дава.

No comments:

Post a Comment