Thursday, February 8, 2018

ПОЕТОТ

Го видов со куферот
лесен навидум
со поглед занесен
и дел од стих
кој сака да го запомни
за да го запише
во времето.

Ги одминува луѓето,
куќата негова се радува
на неговото доаѓање.

Се е исто
цвеќињата
комшиското маче
плотот.

Нема кој да го пречека,
но не жали
спомените навираат
кажуваат
како било.

Ако некој праша
поетот пишува
траг во времето остава
за нас.

No comments:

Post a Comment