Thursday, February 8, 2018

ПРЕДАВСТВО

Површноста нервира
длабокото фасцинира
високото инспирира.

Измисли изговор
врати се дома
меѓу своите четири ѕида
празна постела
леден под.

Биди свој
не давај да те изменат
да те натераат да бидеш глина,
облик кој не го посакуваш.

Остави ледената вода
да минува покрај тебе
телото топло да остане
во мислите стих да се роди.

Тогаш задоволството ќе биде твое
само ти ќе можеш нештата
да ги гледаш
и да им се восхитуваш
како на супернова
откриени пред времето.

No comments:

Post a Comment