Thursday, February 8, 2018

Алтани

Пријателка по збор
од збор до збор
поетеса на место, чесен збор
стихови реди, пишува
занемувам кога ги читам
морници ме совладуваат
чиниш  како зрно да сум
се губам, исчезнувам
се појавувам и среќнеам
збор, зборови, стихови
достојни да се читаат гласно
достојни за ловорики само
душата ги прима
како памук натопен
како вода распукана земја
со вино на усните
душата весела да е
прозбори, ги слушам
лебдам над облаци
високо, високо
само јас, стиховите
само стиховите, јас
душата полна како збор
збор со значење
светлина, ослободен
збор навезен, налицкан
двосмислен, едноставен
прост збор, простачки
од збор до збор
од зрно до збор
збор мисла, збор крал
добар збор туѓи срца стоплува
милува по душите, мислите
збор на место,
место за збор
токму тој збор
недозборен, надзборен
тука е, во својот стих
токму каде што треба
да остане за навек
некој да го чита
додека бран карпа распукнува
зборот низ воздухот да се лее
го слушаш ли
себе си зборувам.

No comments:

Post a Comment