Те
видов,
крадеше.
Погледот
ми го зграпчи,
знаејќи
дека нема да кажам.
Сум
чувал тајни
поголеми
од галаксии
и
исто како нив
нема
да бидеш откриена,
засекогаш
непозната.
Неважно,
трепнуваш
и гледаш низ прозорец
бараш
излез од мигот,
чекаме
звук кој ќе ослободи
души
што треперат.
Патот
помеѓу нас
светлини
голем.
Заборавено е се.
No comments:
Post a Comment