Thursday, February 8, 2018

ПАТОТ МЕ ВОДИ

Камења во раце држам.
Тежат.
Изложба на отворено
секое дрво, цвет експонат.
Тежат.
Најлошото од тука
е подобро
од најдоброто од таму.
Тежат.
Одам и уживам 
во пејсажи и мириси
убавина и вкусови.
Тежат.
Морската вода ме виде
и ита да раскаже
надалеку
дека тука сум бил.
Тежат.
Не знам дали сакам
да се вратам! 

No comments:

Post a Comment